Инструкции за безбедност, 1 безбедност на децата и помалку вештите лица, 2 монтажа – Electrolux ESF2210DW Uživatelská příručka
Stránka 29: Поврзување на вода, Поврзување на струја, 3 употреба
1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од задушување, повреда
или траен инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност. Деца не смеат да играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте ги
настрана од дофат на деца.
• Сите детергенти чувајте ги далеку од
дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена.
1.2 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
• Не го монтирајте и не го употребувајте
апаратот онаму каде што температурата е
под 0°C.
• Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Поврзување на вода
• Пазете да не ги оштетите цревата.
• Апаратот треба да се поврзе со довод на
вода со користење на дадените нови
комлети на црева. Не смеат повторно да се
користат старите комплети на црева.
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или со цевки што не се користени
подолг временски период, оставете ја
водата да истече се додека не стане чиста.
• Првиот пат кога го користите апаратот,
проверете дали протекува од некаде.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична струја. Ако не,
контактирајте електричар.
• Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
• Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжни кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисот или со електричар за да го
смените оштетениот кабел.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
• Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
1.3 Употреба
• Овој апарат е наменет за употреба во
домаќинство и за други слични примени
како на пр:
– Кујнскиот простор за вработените во
продавниците, канцелариите и другите
работни околини
– Фарми
– Ос страна на клиенти во хотели, мотели
и друг вид на сместувачки објекти
– Сместување на база на спиење и
појадок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
МАКЕДОНСКИ
29