Решавање на проблеми – Electrolux ESF2210DW Uživatelská příručka
Stránka 39
10. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Апаратот не се вклучува или прекинува со
работа.
Пред да контактирате со сервисот, видете ги
информациите што следат за решение на
проблемот.
Кај некои проблеми, различни показни светла
постојано или со прекини светкаат
истовремено за да прикажат шифра за
тревога.
Шифра за тревога
Проблем
• Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
• Показното светло за крај на програмата
трепка еднаш со прекини.
Апаратот не се полни со вода.
• Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
• Показното светло за крај на програмата
трепка двапати со прекини.
Апаратот не ја испушта водата.
• Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
• Показното светло за крај на програмата
трепка трипати со прекини.
Вклучен е уредот против поплавување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот пред да
направите проверка.
Проблем
Можно решение
Не можете да го вклучите апаратот. Проверете дали приклучокот за струја е вклучен
во штекерот.
Погрижете се да нема оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не започнува.
Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Притиснете го копчето за почеток.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Апаратот не се полни со вода.
Проверете дали е отворена славината за вода.
Погрижете се притисокот на доводот за вода да
не е пренизок. За овие информации, јавете се во
локалното водостопанство.
Погрижете се славината за вода да не е затната.
Погрижете се филтерот во доводното црево да не
е затнат.
Погрижете се доводното црево да не е засукано
или свиткано.
Апаратот не ја испушта водата.
Погрижете се одводната цевка да не е затната.
Погрижете се одводното црево да не е засукано
или свиткано.
МАКЕДОНСКИ
39