2 полнење на корпите, 4 пред започнување програма – Electrolux ESF2210DW Uživatelská příručka
Stránka 37
8.2 Полнење на корпите
230 mm
max 260 mm
190 mm
• Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
• Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, домашни алишта).
• Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
• Омекнете ја преостанатата загорена храна
на предметите.
• Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
• Погрижете се приборот за јадење и
садовите да не се допираат. Измешајте ги
лажиците со другите садови.
• Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
• Ставете ги малите предмети во корпата за
прибор за јадење.
• Ставете ги лесните предмети во
примарната корпа. Погрижете се
предметите да не се движат.
• Проверете дали прскалката може да се
движи слободно пред да почнете програма.
8.3 Употреба на сол, средство за
плакнење и детергент
• Користете само сол, средство за плакнење
и детергент за машина за миење садови.
Други производи може да предизвикаат
оштетување на апаратот.
• Средството за плакнење помага, за време
на последната фаза на плакнење, за
сушење на садовите без на нив да останат
остатоци и дамки.
• Комбинираните таблети со детергент
содржат детергент, средство за плакнење и
други додадени средства. Проверете дали
овие таблети се соодветни за тврдоста на
водата во вашата област. Видете во
упатствата на амбалажата на производите.
• Таблетите со детергент не се раствораат
целосно со кратките програми. За да
спречите појава на талог на садовите за
јадење, ви препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
Упатствата на амбалажата обично се
однесуваат на големи машини за
садови (со 12 поставки).
8.4 Пред започнување програма
Погрижете се:
• Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
• Прскалката да не е затната.
• Предметите да се правилно поставени во
корпите.
• Програмата којашто ја користите да важи
за видот на садовите и за степенот на
извалканост.
• Да се користи правилна количина на
детергент.
• Да има сол за машини за миење садови и
средство за плакнење (освен ако не
користите комбинирани таблети со
детергент).
МАКЕДОНСКИ
37